Совршени бомбици од само четири состојки за сите љубители на кокосот – се топат во устата!

Profimedia

Сочни, слатки и вкусни… На многумина омилените Рафаело бомбици можете да ги подготвите од само четири состојки. Ќе го обожавате овој рецепт!

Потребни состојки:

  • 100 гр кокосово брашно (плус 50 гр за валкање)
  • 300 гр бело чоколадо
  • 150 мл слатка павлака
  • јаткасти плодови по желба (лежник, бадем, ореви)

Подготовка:

Искршете го чоколадото на парчиња. Загрејте ја слатката павлака до вриење, а потоа прелијте ја врз чоколадото. Мешајте со лажица додека чоколадото да се стопи и додека не добиете компактна смеса.

Во смесата од чоколадо и павлака додадете го кокосот, па оставете ја смесата да се олади на собна температура. Изладената смеса ставете ја во фрижидер на еден час дополнително да се стегне.

Со лажица вадете од смесата, па со рацете обликувајте ги бомбиците кои ќе ги извалкате во кокос. Постапката повторувајте ја сè додека не ја потрошите целата смеса. По желба, во средината од секоја бомбица ставете орев, бадем или лешник. Кокос бомбиците постојано чувајте ги на ладно.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот