СОВЕТИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ: Колку треба да изнесува џепарлакот на децата за во училиште и како тоа да го одредите?

Фото: Профимедиа

Почетокот на школската година може да претставува вистински финансиски предизвик за родителите. Нови учебници, школски прибор, гардероби, воннаставни активности, екскурзии – се само некои од работите со кои родителите на ученици се справуваат секоја есен, во желба на своите најмили да им обезбедат подобри услови.

За сите потреби и желби да бидат подмирени, потребно е да се направи финансиска конструкција, при што никако не смее да се заборави на уште една важна работа, а тоа е џепарлакот.

Постојат многу работи кои не им се јасни на родителите по тоа прашање – дали џепарлакот им е неопходен за децата да имаат се што им е потребно, кога треба да се започне со давање на џепарлак и во кој износ, дали парите да се даваат во почесто временски интервали или само по потреба и многу други прашања.

Некои анкети од минатата година зборуваат дека децата во нашата држава добиваат ппомалку од 100 денари за џепарлак, што не е доволно.

За да бидете на вистински пат, а од друга страна и да му го дадете најдобро на своето дете, почнете од мали нозе да го учите да ги цени парите и со нив правилно да располага.

Експерти советуваат да им дозволите на децата да згрешат, сепак најдобро се учи од сопствените грешки, но имајте на ум дека ако вие како родител се однесувате одговорно на полето на финансиите, така ќе се однесуваат и вашите деца. Неколку основни совети за родителите да направат вистински избор кога е џепарлакот на учениците во прашање:

1. Тргнување во училиште – добар момент за џепарлак пригаден за новите трошоци

Престојот во училиште е ново искуство за секое дете, кој подразбира и ситуации во кои само ќе одлучува за што да троши пари. Затоа новата школска година е добар период на своето дете да му овозможите да располага со сопствени пари, чиј износ ќе биде во склоп со трошоците кои ги има во школо. Дали ќе му давате џепарлак на дневно, неделно или месечно ниво зависи од вашиот договор со детето. Сепак, имајте на ум дека постои препорака на децата до 12 години да им се даваат пари на неделно ниво, бидејќи на таа возраст ги развиваат вештините за долгорочно планирање.

2. На детето повремено можете да му помогнете да направи паметен избор

Конечната одлука за тоа на што ќе ги потроши парите треба да ја донесе детето, но тоа сепак ви оставува простор понекогаш да учите од него, за да направи паметен избор при купување, или да заштеди пари за нешто повредно. Овој пристап создава можност детето да научи како да го планира личниот буџет, како и да го утврди односот меѓу цената и квалитетот и подоцна самостојно да процени на што треба да троши пари.

3. Не е потребно дополнително да му давате пари

Додека се уште ги стекнува вештините за финансиско планирање, може да се случи детето да ги потроши парите пред да добие нов џепарлак. Во тој случај не е пожелно да им давате дополнителни средства.

4. Висината на џепарлакот одредете ја според животниот стандард на семејството

Недоволно џепарлак може да доведе до тоа детето да се почувствува исклучено од своите социјални групи. Поради тоа потрудете се вашето дете да добива доволно пари.

5. Децата најдобро учат од примерот на родителите

Не заборавајте дека вие сте првиот пример на кој ќе се угледаат вашите деца. Ако самите финансиски се однесувате одговорно, го планирате домашнио буџет и го вредувате штедењето, тогаш и вашето дете полесно ќе ги усвои овие навики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот