Совети од Клиника „Жан Митрев“: Причини, компликации и решенија за синдром на полицистични јајници

Фото: Промо

Раната дијагноза и терапија заедно со регулирање на телесната тежината може да го намалат ризикот од појава на долгорочни компликации какви што се дијабетес тип 2 и срцеви заболувања.

Синдром на полицистични јајници (PCOS –polycystic ovarial syndrome) е гинеколошко хормонално заболување, кое се јавува кај жените во репродуктивна возраст. Жените со PCOS често имаат ретки или продолжени менструации, имаат високи нивоа на машки хормони (андрогени) и често на јајниците имаат многубројни мали цисти (фоликули) со големина до10 мм кои не успеваат да ги ослободат јајце-клетките во средината на менструалниот циклус. Точната причина за појава на PCOS е непозната. Симптомите на PCOS често се појавуваат во адолесценцијата, но понекогаш се развиваат подоцна, на пример како резултат на значително зголемување на телесната тежина.

Симптомите на PCOS варираат, но најчесто се следниве: Нередовни менструации. Ретки, неправилни или продолжени менструални циклуси се најчестиот знак на PCOS; вишок андроген. Влакна на лицето и телото (хирзутизам), а понекогаш акни и ќелавост од машки тип; полицистични јајници. Јајниците може да бидат зголемени, со голем број неруптурирани фоликули, односно јајниците не функционираат нормално; знаците и симптомите на PCOS обично се потешки доколку имате прекумерна телесна тежина.

Фото: Промо

Причини

Точната причина за PCOS е непозната. Фактори што можат да играат улога се: вишок на инсулин; хронично ниско ниво на инфламација; наследност; вишок андроген.

Компликации

Неплодност; гестациски дијабетес или висок крвен притисок; спонтан абортус или предвремено породување; метаболен синдром – група состојби вклучувајќи висок крвен притисок, висок шеќер во крвта и абнормални нивоа на холестерол или на триглицериди што значително го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести; дијабетес тип 2 или преддијабетес; депресија, анксиозност и нарушувања во исхраната; абнормално крвавење од матката; рак на слузницата на матката (рак на ендометриумот).

Терапија

Терапијата на PCOS се фокусира на индивидуалните проблеми и потреби, какви што се неплодност, хирзутизам (влакнетост), акни или дебелина.
Промена на животниот стил: Намалување на телесна тежината преку нискокалорична диета во комбинација со умерени активности за вежбање. Губењето тежина, исто така, може да ја зголеми ефикасноста на лековите за PCOS и може да помогне при неплодност.

Лекови

Регулација на менструален циклус

Комбинирани апчиња за контрацепција. Таблетите што содржат естроген и прогестин го намалуваат производството на андрогени и го регулираат естрогенот.
Прогестинска терапија. Земањето прогестин 10 до 14 дена на секои еден до два месеци може да го регулира менструалниот циклус и да штити од рак на ендометриумот.

Лечење на неплодност со: Стимулатори на овулација како кломифен, летрозол (Фемара), гонадотропини; метформин, тоj е лек за дијабетес тип 2, ја подобрува инсулинската резистенција и го намалува нивото на инсулин; антиандрогени како спиронолактон (алдактон). Овој лек ги блокира ефектите на андрогените на кожата. Спиронолактонот може да предизвика вродени дефекти, затоа е потребна ефикасна контрацепција додека го земате овој лек.

За да ги намалите ефектите од PCOS, обидете се: да ја регулирате својата тежина. Губењето на тежината може да го намали нивото на инсулин и андрогени и може да ја врати овулацијата; да го ограничите внесот на јаглехидратите; бидете активни. Вежбањето помага да се намали нивото на шеќер во крвта. Ако имате PCOS, зголемувањето на вашата дневна активност може да ја третира, па дури и да спречи резистенција на инсулин.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете го вашиот преглед или консултација на 02 3091 484

Д-р сци. Ирена Андонова, специјалист по гинекологија и акушерство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот