Совесна родителка на дете од Коменски: Била во Рагуза и веднаш го изолирала своето дете да не оди во училиште!

Дете од второ одделение во „Јан Амос Коменски“ е во домашен карантин зашто неговата мајка била на симпозиум на лекари во Рагуза во саботата.

Уште во неделата, мајката дознала дека докторката што зборувала на симпозиумот неодамна се вратила од Италија бидејќи уште во неделата меѓу колегите се зборело дека можеби директорката има коронавирус.

Така, мајката што била во Рагуза со сега веќе официјално потврдената носителка на коронавирусот, решила во понеделникот да не си го пушта детето во училиште. Таа тоа го сторила зашто знаела дека била во контакт со потенцијално заболено лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот