„Состојбата ме загрижува“: Макрон му пружи рака на Моравиецки

Макрон и Моравиецки/ Фото EPA-EFE/IAN LANGSDON

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска му соопшти на полскиот премиер Матеуш Моравиецки дека е загрижен за пресудата на полскиот суд и го повика да разговара со Европската комисија за изнаоѓање решение што е во согласност со европските принципи, соопшти кабинетот на Макрон.

Макрон се сретна со полскиот премиер Матеуш Моравиецки на аеродромот во Брисел во пресрет на редовниот октомвриски самит на шефови на држави и влади на ЕУ, пренесува Телеграф.

Се очекува лидерите на ЕУ да се „судрат“ со Полска поради одлуката на полскиот суд според кој државните закони имаат предност пред законите на ЕУ.

ЕУ нема да дозволи Полска да ги доведе во ризик европските вредности

Моравјецки ја предупреди ЕУ да не ја „уценува” Полска во однос на владеење на правото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот