Сослушана мајката на 13-годишниот убиец од училиштето во Врачар, осомничена за запуштање и злоупотреба на малолетно лице

Српска полицја апсење на убиецот / Фото: Oliver Bunic / AFP / Profimedia

Мајката на момчето убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“ била сослушана во полиција поради сомнение дека сторила кривично дело – запуштање и малтретирање на малолетно лице, откако Првото основно обвинителство нареди полицијата да ја сослуша.

М.К. вчера дала исказ во полиција, по што во наредниот период ќе биде сослушана од обвинител за истото кривично дело.

Првото основно јавно обвинителство во Белград по службена должност оформи предмет во врска со настанот во основното училиште „Владимир Рибникар“ на 3 овој месец кога момче (13) им одзеде животи на десет лица, а повредило уште четворица, од кои едното починало, а за да се утврди дали во постапките на М.К.- мајка на убиецот на малолетното момче, се содржани елементите на криминалното дело запуштање и злоупотреба на малолетно лице.

Обвинителството испратило барање до Полициската управа за Град Белград за прибирање на потребните информации, со што е наложено утврдување на фактичката состојба на осомничената М.К.

Според пишувањето на српски Телеграф, мајката во полиција одговарала на клучните 10 прашања:

1. Колку често го гледала синот, односно кај кого престојувал повеќе, кај неа или кај таткото В.К.?
2. Дали знаела дека тој одел на стрелиште?
3. Ако знаела, каков бил нејзиниот став за тоа?
4. Дали момчето се однесувало чудно?
5. Дали момчето било малтретирано и запоставено, т.е дали нешто му било скратено, одбиено нешто, дали се жалело на нешто…?
6. Што е последното нешто што ѝ го рекол пред да го изврши масакрот?
7. Дали имал некакво трауматично искуство?
8. Каков однос имал со неа, со татко му, со семејството, со пријателите?
9. Колку знаела за неговите интереси и какви биле тие?
10. Каков бил нејзиниот однос со таткото на В.К.?

На таткото му се закануваат 12 години затвор

Набргу по злосторството, за таткото на момчето, Владимир К., поднесено е обвинение за кривично дело – тешко кривично дело против општа опасност.

Според адвокатот Никола Ристовиќ, максималната казна за ова дело е 12 години затвор.

„Доколку има тешка физичка повреда на лице или материјална штета од големи размери, сторителот ќе се казни со затвор од една до осум години. Но, доколку смртта настапила кај едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор од две до 12 години“, изјави Ристовиќ за српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот