Сосетката го нападнала Чарли Шин во неговиот дом: Се обидела да го задави, тој викнал брза помош

Фото: EPA-EFE/PENNY STEPHENS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT EDITORIAL USE ONLY

Во средата полицијата дошла во домот на Чарли Шин, по маалска расправија. Полицајците велат дека сосетката на актерот, 47-годишна жена, тропнала на вратата на Шин, тој ја отворил, а потоа насилно влегла во куќата и го нападнала, пренесува „ТМЗ“ (TMZ).

Сосетката му ја искинала кошулата на Чарли и се обидела да го задави, а потоа се вратила во нејзината куќа. Чарли се јавил во поилиција и брза помош, и тие веднаш дошле на лице место, но тој немал повреди поради кои би требало да биде пренесен во болница.

На Чарли не му е јасно што го предизвикало инцидентот, но очигледно ова не му е прв проблем со неа. Тој им рекол на полицајците дека верува дека истата жена неодамна истурила некој вид леплива течност врз неговиот автомобилот. Тој вели и дека истата сосетка ден пред нападот фрлила ѓубре пред неговата влезна врата.

Жената на крајот била уапсена во нејзиниот дом и обвинета за напад со смртоносно оружје и наводно насилно влегување во куќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот