Сопственикот на Силбо: „Спорен е покривот, а не објектот“!

Пекара „Силбо“ во ТЦ Бисер / Фото: Слободен печат.

Сето ова се случува во обид да се отстрани од трговскиот центар бидејќи претставува закана за профитот на останатите пекари.

По неколкудневен молк од страна на сопственикот на Силбо, денеска за Слободен печат, Силјан Милев, одлучи да ја раскаже својата страна од приказната.

– Објектот е изграден на летна тераса, и единствено е спорен покривот, кој според прописите не треба да биде целосно затворен. Јас направив елаборат во кој беше наведна изградба на фиксен кров од челична конструкција, фиксни ѕидови, прозори, внатрешни гипс картонски ѕидови и подни керамични плочки. Истиот елаборат беше прифатен од Град Скопје. Откако го изградив објектот добив наредба да го отстранам, на што се спротивставив, па завршив на суд, меѓутоа Управниот суд одлучи во моја корист, за што поседувам и документи, вели Милев.

Што се однесува до писмото кое пред неколку дена беше адресирано до премиерот Зоран Заев, Милев вели дека Здружението на сопственици на деловни простории на ТЦ Бисер нема право да го тужи, бидејќи како што објаснува, Силбо е на земјиште на РМ.

Сопственици на локали до Заев: Дивоградбата на пекара „Силбо“ е побесправна од онаа во ТЦ „,Мавровка“

– Редовно плаќав кирија на Здружението на сопственици на деловни простории на ТЦ Бисер, но откако ми беше кажано дека терасата е всушност во сопственост на РМ, за користењето почнав да плаќам во Град Скопје, објаснува сопственикот на Силбо, и нагласува сето ова се случува во обид да се отстрани од трговскиот центар бидејќи претставува закана за профитот на останатите пекари.

Од Градот пак негираат дека примаат средства за закупнина на терасата на Силбо во ТЦ Бисер.

– Град Скопје нема дадено одобрение за летна тераса на фурна Силбо, и оттаму, потврдувам дека Градот не наплатува средства за користење на просторот, вели портпаролот на Градот, Ваљон Салиху.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот