Сопругот на норвешката принцеза сексуално злоупотребил маж при шамански третман
На крајот на август 2024 година, норвешката принцеза Марта Луиз (53) и шаманот Дурек Верет (49) се венчаа по неколку години врска, а сега повторно ги полнат интернет порталите.
Швеѓанецот Јоаким Бостром во интервју за норвешки весник тврди дека контроверзниот шаман ја искористил својата работа за да стане сексуален злоставувач, пишува норвешкиот „Сехер“.
View this post on Instagram
Бостром го запознал сопругот на принцезата Марта Луиз во Њујорк во 2015 година, каде често оделе по барови, а Швеѓанецот првично го доживувал Американецот како самоуверена и харизматична личност. Сепак, односот во еден момент се променил, а шаманот наводно секогаш премногу флертувал со Бостром.
Кога Јоаким, кој вели дека е духовно љубопитен, присуствувал на состанок со шаманот, се случил инцидент. Набргу откако Јоаким бил поставен на медицинската маса, Дурек наводно почнал несоодветно да го допира. Јоаким Бостром го опишува вака:
„Тој сакаше да носам сѐ помалку облека. Потоа рече дека имам циста на пенисот и праша дали е во ред да ме допира таму“.
На Јоаким му било многу чудно, но на почетокот не размислувал за тоа. Неколку недели подоцна, Јоаким се вратил во Стокхолм, каде што бил контактиран од Дурек. Бостром стана претставник на Верет во Шведска, пишува „Сехер“.
View this post on Instagram
Во Шведска, Јоаким се сретнал со Дурек уште еднаш. Овој пат, според Бостром, сексуалниот напад се случил за време на лекувањето.
„Почна да ми го допира пенисот. Јас реагирав бурно и врескав: „Што мислиш дека се случува сега? Сакаш ли да имам ерекција?“, го опиша инцидентот Швеѓанецот и додаде: „Го замолив да престане, но тој не се помрднуваше“.
На прашањето дали го гледал тоа како напад, Бостром вели: „Да, дефинитивно. Но, тој не ја премина границата само за време на третманот. Кога ќе се сетам наназад, неговото однесување секогаш беше сексуализирано и тој ме допираше цело време, беше исцрпувачко“.
„Можев да го пријавам затоа што ме допираше и постојано сексуално ме наговараше. Посакувам порано да соберев докази против него. Но, јас бев заинтересиран само да го исфрлам од мојот живот“, вели шведскиот семеен човек, татко на две деца.
Набргу по овие тврдења, се огласи портпаролката на Дурек Верет, пренесува „Сехер“.
„Јоаким Бостром беше шведскиот претставник на шаманот Дурек, кој беше отпуштен поради несоодветно однесување. За време на неговите третмани, Дурек често спроведува енергетски празнења преку лимфниот систем во пределот на пазувите и препоните. Бидејќи неговата работа вклучува различни методи на лекување, вклучително и допир, Дурек создаде правен документ што мора да биде потпишан од секој кој ги користи неговите услуги за да се заштити од луѓе со лоши намери како Јоаким“, се вели во соопштението.
Норвешката принцеза се омажи за самопрогласениот шаман: На свадбата имало 350 гости