Сопругот на јапонската принцеза Мако положи правосуден испит во Њујорк – од третпат

Фото: Профимедиа

Трета среќа на правосудниот испит во Њујорк за Кеи Комуро, адвокатски приправник во фирмата „Ловенштајн Сендлер“ и сопруг на јапонската принцеза Мако – неговото име се појави на списокот на оние кои го положиле јулскиот правосуден испит во Њујорк, објавен на 20 октомври, откако јапонскиот печат го критикуваше неговиот неуспех да ги положи тестовите за адвокатска лиценца лани во јули 2021 и во февруари годинава.

Тој имаше мали шанси како повторувач – поминале само 23% од повеќе од 1.600 луѓе кои го полагаа јулскиот испит откако барем еднаш не го положиле, според статистиката на Њујоршкиот одбор на правни испитувачи. Стапката на полагање за оние кои првпат го полагаа испитот во јули беше 75%.

Комуро со години е предмет на фасцинација и испитување во неговата родна Јапонија, делумно поради неговиот статус на обичен човек. Принцезата Мако, внуката на императорот Нарухито, која сега е позната како Мако Комуро, повеќе не е член на царското семејство откако се омажи во октомври 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот