Солскјер за своето засилување: Неговиот мозок е побрз од многу други!

twitter.com/TheSporTalk

– Прецизноста на неговите додавања, самите движења, едноставно сум среќен што гледам дека ужива – вели кормиларот на Јунајтед.

Норвешкиот менаџер на „црвените ѓаволи“ е досега одушевен од перформансите на своето зимско засилување кое дојде од Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш.

Оле Гунар Солскјер, стратегот на Манчестер јунајтед со пофалби за португалскиот интернационалец кој одлично се вклопува во тимот од „Олд Трафорд“.

За неговите услуги премиерлигашкиот гигант успеа да одвои 80 милиони евра. Кретивниот играч за врска дебитираше против Вулверхемптон, го покажа својот потенцијал и навивачите од него очекуваат големи работи.

– Па, тој е многу добар фудбалер и неговиот мозок е очигледно побрз од многу други – рече Солскјер за официјалниот сајт на Манчесер јунајтед, па продолжи:

– Има многу атрибути на кои треба да се навикнеме. Ние ќе се навикнеме на него, а тој на нас. Прецизноста на неговите додавања, самите движења, едноставно сум среќен што гледам дека ужива. Тренира и тренира, неговата кондиција и ентузијазам се брилјантни – додаде норвешкиот кормилар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот