Софија Вергара покажа чуден трик со очите и 2,7 милиони луѓе ги остави во неверување (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Актерката го покажа својот скриен талент и праша „Го можете ли вие ова?“

Холивудската ѕвезда и една од најубавите жени на светот, актерката Софија Вергара (48), покажа чуден трик со очите кој стана вирален.

Станува збор за нешто кое не го можат повеќето луѓе, а веруваме дека и малкумина досега пробале да го изведат тоа што таа го стори пред камерата.

Актерката во жирито на американското издание на шоуто „Јас имам талент“, каде што ги оценува разните таленти на натпреварувачите, покажа и еден свој скриен талент.

Таа покажа како во исто време едното око може да го држи широко отворено, а другото речиси затворено. И тоа изгледа прилично морничаво.

– Го можете ли вие ова? – праша Софија која гледаше во камерата.

Видеото од емисијата убавата Софија го објави на Инстаграм, а за 24 часа е прегледано повеќе од 2,7 милиони пати.

View this post on Instagram

Can you???? @agt

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот