Софија Лорен: Единственото за што жалам е што не се омажив во бел фустан

Profimedia
Profimedia

Филмската икона ги негираше со децении долгите шпекулации и тврди дека и покрај љубовната врска, Грант никогаш не ѝ предложил брак.

Тоа беше една од најголемите филмски љубовни приказни на 20 век, меѓутоа, италијанската актерка Софија Лорен откри дека холивудската ѕвезда Кери Грант не ја запросил на снимањето на филмот „Гордост и страст“, пишува „Гардијан“.

Осумдесет и шестгодишната актерка веќе зборуваше за нејзината љубовна врска со Грант, која почнала на снимањето на гореспоменатиот филм, а кој се појави во 1957 година, инаку првиот американски филм во кој глумела Лорен.

Profimedia

Во интервју за британскиот магазин „Радио тајмс“, Лорен ги расчисти сите сомнежи околу тоа што се случило, односно што не се случило на снимањето. Лорен објаснила дека би било „невозможно“ Грант да ја запроси додека снимале заедно.

Кери Грант беше многу убав маж и прекрасен актер, но тој не ми запроси. Па како можеш да запросиш некого додека снимаш филм? Невозможно е – рече филмската дива.

Таа имала 23 години кога се снимал филмот, а Грант бил 30 години постар од неа.

Бев премногу млада за да имам јасни идеи за љубовта и врските – рече Лорен.

Profimedia

Во нејзините мемоари објавени во 2014 година, Лорен напиша дека Грант бил упорен во намерата да ја заведе, иако во тоа време бил оженет со својата трета сопруга Бетси Греј. Од друга страна таа се подготвувала да се омажи за филмскиот продуцент Карло Понти, инаку 22 години постар од неа.

Меѓутоа, нивната романса наишла на пречки, бидејќи Понти не можел да се разведе од својата прва сопруга Џулијана Фиастри, според италијанските закони. Таа конечно успеала да се омажи за Понти дури откако станале француски државјани.

Лорен била соочена со одлука што во голема мера ќе ѝ ги одреди нејзиниот приватен живот и патот во кариерата.

Првиот том од автобиографијата на Лорен содржи неколку писма и сувенири на Грант.

Ќе бидеш во моите молитви“, напишал Кери Грант во едно писмо. „Ако мислиш и се молиш со мене, за истата работа и цел, сè ќе биде правилно и животот ќе биде добар“.

Profimedia

Лорен и Грант останале пријатели и повремено разговарале на телефон и разменувале писма.

Италијанската филмска икона вели дека не ѝ е жал што го избрала Понти, но рекла дека ѝ е жал што немала традиционална „бела“ венчавка.

Тешко е да се каже дека немаш за што да жалиш. Во животот поминувате низ толку многу искуства, меѓутоа јас секогаш се трудев да живеам, така што нема за што да жалам. Мислам дека постигнав мир во животот. Имам сè што некогаш сум посакала – прекрасно семејство со прекрасни деца и внуци. Единственото за што жалам е што не се омажив во бел фустан. Тоа беше мојот животен сон и тој сè уште е живее во мене – откри Лорен.

Profimedia
Profimedia

Софија Лорен на 86 години: Одбива да биде „филмска пензионерка“ и снима нов филм

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот