Социјални претпријатија за борба против сиромаштијата

Според Царовска вистинското излегување од сиромаштија е детерминирано од вработеноста и тоа може да се постигне преку развојот на социјалното претприемништво и развојот на социјалните услуги на локално ниво.

Социјалните претпријатија се голем ресурс на којшто заеднички ќе треба да се потпреме во наредниот период.  Ако вложиме во претпријатија коишто ќе се грижат, односно ќе ги вклучат најранливите, ќе овозможиме услови за  намалување на сиромаштијата, истакна вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, на националната конференција „Социјално претприемништво: Иновативен бизнис – модел за похумано општество”, организирана од граѓанската организација ХЕРА.

Според Царовска вистинското излегување од сиромаштија е детерминирано од вработеноста и тоа може да се постигне преку развојот на социјалното претприемништво и развојот на социјалните услуги на локално ниво.

Kонцептот на социјалната економија, се темели на принципите на солидарност и индивидуалното учество во процесот на развојот на активното општество, овозможувајќи висок степен на вработување и подобар квалитет на животот, но и рамка за нови облици на претпријатија и работни места.

– Она што е започнато досега, а треба да продолжи во наредниот период е активацијата на корисниците на гарантиран минимален приход, вложување во човечките капацитети и создавање на квалификувана работна сила за потребите адресирани и од компаниите, подвлече вицепремиерката за економски прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот