Собранието склучи двегодишен договор со „Лукоил“, и покрај неизвесноста околу руската компанија
Во време на голема неизвесност околу тоа кој ќе го преземе бизнисот на руски „Лукоил“ во земјава, но и насекаде надвор од границите на Русија каде што работи компанијата, македонското Собрание склучи договор за гориво за патничките возила и дизел агрегат тежок 2,3 милиони денари (околу 37.000 евра), објави „Фактор“.
Препорачано
Според порталот, ќе се точи гориво според цената која ја носи Регулаторната комисија за енергетика на неделно ниво, со попуст од 2,1 денар, односно 2,48 денари по литар.
Договорот почнал да важи од 27 ноември и ќе трае во наредните две години, а максималната количина дизел гориво која „Лукоил“ ќе ја однесе до Собранието за двата собраниски агрегти е 100 литри.
Рускиот гигант „Лукоил“ е под американски санкции и поради тоа го продава целиот свој имот во странство. Компанијата со свои рафинерии и малопродажни мрежи е присутна во повеќето балкански држави, а повеќе влади веќе најавија дека ќе ги преземат ресурсите на „Лукоил“ доколку се случи криза.
Романија даде зелено светло: Владата може да ја преземе руската рафинерија „Лукоил“ во земјата
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
53мин
-
8час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


