Собранието ја констатира оставката на Милевски, Пенов уште малку ќе почека

Седница на собранието на РСМ/Фото: МИА

Попладнево околу 16 часот почна 88. собраниска седница која првично беше закажана за 11:00 часот, но од технички причини беше двапати одложена – за 13:00, па за 16:00 часот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери најпрво објасни зошто се доцнело со седницата и рече дека за тоа ќе има целосен извшетај, а потоа ја констатираше оставката на досегашниот министер за локална самоуправа, Горан Милевски.

Џафери информира и дека Милевски нема да ја образложи оставката.

-Имам обврска да соопштам дка пради технички проблеми и преоптовареност на системот за управување со пленарните седници беше неопходно одложување на седницата, за што ќе има и посебен извшетај, рече Џафери.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски се јави процедурално за збор. Реагираше и го праша Џафери како може да ја дополнува седницата со нови точки од дневниот ред кога веќе била закажана, а референдуми или иницијативи поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, како што напомена, чекаат на преводи по 20 до 30 дена и не може веднаш да бидат ставени на седница.

-Очекував подробно објаснување за седницата. Сега е 16:30 часот, а пратениците се влезени уште во 11:00. Материјалите се испратени, а вие продолжувате со доставување нови предлог-закони по времето за почеток на седницата. Од каде ви е бризната, стручната и можноста, а интерпелации или референдуми од ВМРО-ДПМНЕ кај вас завршуваат на преводи по 20 – 30 дена. Законите што ги поднесува ВМРО-ДПМНЕ не може веднаш да бидат ставени на седница, а закони поднесени во 11:06, иако официјално дневниот ред се утврдува во 11:00, се наоѓаат како дополнение за оваа седница. Вие правите преседан, а ја повикувате опозицијата на конструктивност, рече Мицевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во текот на седницата информира и дека Владата ги повлече измените на Законот за енергетска ефикансост.

Пратениците дадоа и поддршка за измените на законите за заштита на децата и за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани за полесно справување со енергетската криза. Пред нив се вкупно 34 точки, меѓу кои и избор на нов министер за локална самоуправа, како и на двајца судии во Уставниот суд и донесување закони со кои може да се реализираат антикризните мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот