Ненад Савески - Фото: Социјални медиуми

Собранието го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Со 66 гласа „за“, двајца против и осум воздржани, Собранието го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител.

Предлогот на Владата за избор на Савески за државен јавен обвинител пред пратениците го образложи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

„На Македонија очајно ѝ е потребна правда и владеење на правото. И треба јасно отворање и процесуирање на случаи кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем, истакна Николоски на собраниската седница.

Тој нагласи дека Савески е професионалец, докажан во својата работа и, како што потенцира, без ниту една дамка во својата професионална кариера.

Пред гласањето, имаше расправа во која пратениците од власта и опозицијата меѓусебно се критикуваа за тоа кој е одговорен за ниската доверба во правосудниот систем.

Пратениците од власта ја потенцираа богатата биографија и работното искуство на Савески во правосудниот систем, што исто така беше признаено од пратениците од опозицијата, кои, пак забележуваа дека квалитетот е неспорен, но го критикуваа системот што сака да го воспостави власта, кој според нив ќе го партизира обвинителството.

Савески најави крај за „фиока-системот“: Сите предмети се важни, со нив се решаваат човечки судбини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот