Соборен рекорд од 2017 година: Моне продаден за 74 милиони долари

Фото: JOHN ANGELILLO / UPI / Profimedia

Ремек-делото на францускиот импресионистички сликар Клод Моне„Езерцe со водни лилјани“ („Le Bassin Aux Nymphéas“) беше продадено на аукција во четвртокот во Њујорк за 74 милиони долари, за време на несекојдневната вечер во аукциската куќа „Кристи“, која оствари продажба од 640 милиони долари.

„Кристи“, во сопственост на холдинг-компанијата „Артемис“ на францускиот милијардер Франсоа Пино, и неговиот конкурент „Сотби“, во сопственост на француско-израелскиот милијардер Патрик Драхи, се среде есенската аукциска сезона – од 7 до 15 ноември. Двете куќи се надеваат дека ќе соборат рекорди и ќе заработат милијарди долари.

„Езерцe со водни лилјани“ („Le Bassin Aux Nymphéas“) (1919) / Фото: TIMOTHY A. CLARY / AFP / Profimedia

„Сотби“, која во средата навечер продаде дело на Пикасо за 139 милиони долари, второто најскапо дело на шпанскиот мајстор кој почина во 1973 година, веќе е на пат да заработи повеќе од 400 милиони долари на аукциите оваа недела. „Кристи“ стигна до 748 милиони, вклучувајќи 640 само во четвртокот вечерта.

Од 2017 година, ова е рекордна сума собрана во една ноќ на продажба на уметнички дела од различни колекционери, соопшти „Кристи“. Врвот на вечерта, сликата „Езерце со вода лилјани“ на Клод Моне, проценета на 65 милиони долари, е продадена за 74 милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот