Со вуду против коронавирус: Жителите на Бенин со магија се борат против невидливиот непријател во воздухот

Ние тука не практикуваме црна магија, изјавил Занзан Зинхо на дописник на Економист, додека кревал огромен стап украсен со черепи од кози.

Храмот на свештеникот Водун (вуду) се наоѓа во дворот на Оуида, духовниот дом на религијата, во јужниот дел на Бенин. Има околу себе сушени змии, близнаци направени од дрво и кукла за девојчиња, во чија уста свештеникот става цигара.

-Да и помогнеме да дише, објаснува Зинхо.

Околу 12 проценти од граѓаните на Бенин се поддржувачи на Водун. Уште повеќе, и муслиманите и христијаните вклучуваат елементи на анимистичката, политеистичка религија во нивната практика. Репресиран под француска власт, а потоа и за време на марксистичката диктатура, Водун оживеа по преминот во демократија во ’90-тите години. Во 1996 година, таа беше признаена како официјална религија.

Вудуто не остава убав впечаток особено поради фактот што жртвувањето е дел од церемониите, како начин за привлекување на божествата  Но, религијата има и прозаичен аспект. За корисниците на Оуида, учеството на церемонијата за употреба на Фа („дух на верување“) е како католик што доаѓа во црква за да слушне проповед на свештеник.

На посетителите за 10 долари им е дозволено да присуствуваат на церемонијата на Зинхо. По исплатата, свештеникот зграпчува ѓердан од школки, со цел да утврди кое божество е моментално најрелевантно.

Како и остатокот од светот, Оуида не е поштеден од Ковид-19. Сепак овој период е исплатлив за свештениците кои имаат полни раце работа, бидејќи мештаните веруваат дека тие може да ги спасат од коронавирусот, сметајќи дека тие „разговараат со невидливиот непријател во воздухот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот