Со пожарите, утрешното доделување на британската донација на Криволак „посипано“ со пепел

Фото: ЦУК

Огнот кој трет ден се шири на армискиот полигон Криволак се очекува денеска да биде ставен под контрола, ако не од хеликоптерите тогаш од најавените обилни врнежи кои во попладневните часови ќе ја погодат целата држава, но отежителна околност се силните ветровите од кои постои опасност од разгорување на огнената стихија доколку пред дождот не се изгаснат сите пламени.

Инаку, утре на полигонот Криволак министерката за одбрана Славјанка Петровска и новиот амбасадор на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон, ќе присуствуваат на примопредавањето на британска донација која вклучува 14 мобилни единици за обука за припадниците на Армијата во урбана средина.

Новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон денеска ги предаде акредитивните писма кај претседателот Стево Пендаровски со што официјално ја започна својата дипломатска мисија во земјава.

„Ја зголемуваме нашата поддршка и за Северна Македонија и за регионот со цел да ги поддржиме вашите напори за градење просперитет во безбедно и стабилно соседство. Успехот во овие области исто така ќе биде од корист за Обединетото Кралство и Европа како целина”, рече амбасадорот Лосон.

Пожарот на Криволак се гасне од воздух

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов рано утрово со полициски хеликоптер ги надлета трите активни пожари и констатираше дека најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде дејствуваат еден армиски и еден полициски хеликоптер.
-За да се спречи катастрофа од големи размери, воените магацини се дополнително осигурани и се целосно безбедни, убедуваат од ЦУК.

Пожарот на Криволак почна во утринските часови во понеделникот и поради високите температури се разгоре на отворен простор од пошироки размери во Армискиот воен полигон Криволак, општина Неготино.

-Во понеделникот од 16,30 часот иако било дејствувано во повеќе наврати од страна на Армијата со поддршка од летала (хеликоптер), пожарот бил локализиран но не и целосно изгасен. Вчера во 14.45 часот пожарот повторно се реактивира, разгорува и проширува и веќе се дели на три крака од кои: едниот се движи кон селото Пепелиште-Неготино, а вториот во правец на Богословец-Штипскиот регион и третиот во атарот на Армискиот полигон Криволак, соопшти вчера ЦУК и додаде дека побарана е хиликоптерска поддршка.

Центарот за управување со кризи во координација со Министерството за внатрешни работи во 18.00 часот уште вчера  упатија хеликоптер од составот на Министерството за внатрешни работи како поддршка на единиците на ТПП Неготино, ЈКП Неготино, ТПП Штип и Армијата на Република Северна Македонија во гаснењето на пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот