Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон

Стево Пендаровски и Метју Лонсон
Стево Пендаровски и Метју Лонсон / 27 јули 2022 / Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.

На свечената церемонија, како што соопшти Кабинетот на претседателот, Пендаровски истакна дека Северна Македонија придава големо значење на развојот на односите и соработката со Обединетото Кралство, оценувајќи дека Обединетото Кралство имаше круцијална улога во развојот на Северна Македонија како европска демократија.

„Особено ги цениме силните партнерски односи кои ги негуваме во рамки на НАТО, посебно во време кога се соочуваме со сериозни глобални безбедносни предизвици. Ве уверувам дека Северна Македонија ќе продолжи активно да придонесува кон сите идни мировни процеси како земја – сојузник и партнер на НАТО, а во интерес на добробитта на европскиот континент и пошироко“, рече Пендаровски.

На церемонијата амбасадорот Лосон истакна дека односите меѓу двете држави се навистина важни за Обединетото Кралство.

„Ја зголемуваме нашата поддршка и за Северна Македонија и за регионот со цел да ги поддржиме вашите напори за градење просперитет во безбедно и стабилно соседство. Успехот во овие области исто така ќе биде од корист за Обединетото Кралство и Европа како целина“, рече амбасадорот Лосон.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Лосон му посака успешно извршување на значајната дипломатска мисија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот