Со помош од УСАИД ќе се реновира основно училиште во охридското село Лескоец

Со средства на УСАИД во вредност од 1.2 милиони денари и 25-процентно учество на Општина Охрид, ќе бидат санирани санитарните јазли и ѕидови во училниците, ходниците и холот во ОУ „Ванчо Николески” во селото Лескоец.
Ова е заклучено на работниот состанок што денеска го оствари градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески со претставници на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, Небојша Мојсоски, Лири Старова, Бојан Динески, заедно со директорката на училиштето во Лесноец, Елена ел Нади.
На средбата е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид, основното училиште „Ванчо Николески” и УСАИД.
Проектот од страна на УСАИД беше одобрен во месец април годинава. Градежните зафати планирано е да се реализираат во месец август и да се завршат пред почетокот на новата учебна година.