Со помош на еден генијален трик лесно ќе ги исчистите радијаторите пред почетокот на грејната сезона
Со почетокот на грејната сезона ќе се вклучат и радијаторите, но најчесто од нив излегува прашина, а тоа претставува опасност по здравјето, затоа ви предлагаме едноставен трик за лесно чистење. Потребен ви е само еден уред кој сите го имаме дома.
Препорачано
Чистењето на радијаторите може да биде вистинска мака со сите ќошиња и пукнатини, но Хејзел Мекини од популарниот пар експерти за чистење познати како „Wee Scotty Cleaners“, сподели генијален трик што може да ја олесни работата.
Во неодамнешното вирално видео на ТикТок, Хејзел откри едноставен метод за отстранување на прашината од тешко достапните делови на радијаторите. Наместо да користи специјализирани ткаенини или алатки, таа се потпира на обичен фен за коса.
– Еве еден мал совет за вас. Колкумина од вас купиле уред за чистење на задниот дел од радијаторот? „Се обложувам дека се тоа многу луѓе, затоа што и јас сум една од нив“, рече Хејзел.
Таа потоа додаде дека работите не се толку комплицирани како што изгледаат.
– Сите имаме фен дома, нели? Само вклучете го и насочете го на задниот дел од радијаторот. Ќе ја издува целата прашина и влакна – Хејзел нагласи дека оваа техника заштедува пари и време.
– Ова ќе ве спаси од купување бескорисни уреди, а техниката е брза и ефикасна – додаде таа.


