Со нова методологија ќе растат и пензиите, ќе следи и финансиски пакет за пензионерите

скопје луѓе пензионери клупа плоштад
Пензионери во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека се работи на нова методологија со која, по порастот на минималната плата на 18.000 денари и пензионерите ќе може да очекуваат пораст на пензиите бидејќи заслужуваат достоинствени пензионерски денови.

-Работиме на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите бидејки пензионерите заслужуваат по толку години изминат труд и придонес во развојот на државата, да имаат достоинствени пензионерски денови, изјави денеска Ковачевски.

Неофицијално „Слободен печат“ дознава дека владеачката партија СДСМ и коалицијата, ќе врши промена на методолигија за пресметка на пензии, која во моментов се врши со 100% усогласување со трошоци на живот (ЦПИ).

Дознаваме дека ќе се разгледуваат неколку модели, односно наместо досегашната методологија висината на пензиите ќе се одредува и преку порастот на платите со што би се земал 60%, 50% или 40 проценти од нив заедно со трошоците на живот.

Тоа значи дека пензионерите ќе добијат поголемо зголемување на пензиите. Од партијата засега не потврдуваат ништо, но најавуваат дека по зголемувањето на минималната плата, подготвуваат сериозно зголемување на пензиите.

Извори на „Слободен печат“ посочуваат дека новата методологија ќе биде резултат на разговори со пензиските асоцијации, совет за пензиски реформи, како што се угласи и моделот за минимална плата, што веќе го спомена премиерот Димитар Ковачевски.

Покрај проментата на методологијата, велат извори, се прават пресметки за дополнително зголемување на пензиите за 320.000 пензионери, односно финансиски пакет за оваа година, како поддршка во енергетска и здравствена криза.

Владејачката партија СДСМ веќе ја реализираше поддршката за ранливите категории на пензионери, но според извори од партијата, за пензионерите како категорија која е силно финансиски погодена од пандемијата, но од економската криза се подготвува пакет финансиска поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот