Ковачевски најави финансиска помош за пензионерите: „Заслужуваат достоинствени пензионерски денови“

Димитар Ковачевски, премиер на РСМ/Фото: принтскрин

Се прават анализи за зголемување на пензиите, а премиерот Димитар Ковачевски најавува и финансиска помош за пензионерите за полесно справување со енергетската и економската криза.

Тој денеска од Росоман порача дека веќе се работи на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите и која ќе биде презентирана пред сите засегнати страни.

– Веќе работиме на анализи коишто ќе бидат презентирани преку дијалог во кој ќе учествуваат здруженијата на пензионери, заинтересираните страни и институциите на државата. Работиме на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите бидејки пензионерите заслужуваат по толку години изминат труд и придонес во развојот на државата, да имаат достоинствени пензионерски денови, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по закројувањето на лозјата во Росоман.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ го оценува како паушален, затоа што, како што изјави, не се базира на никакви анализи и методологија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот