Со години ја изневеруваше со дадилката, а сега се сретнаа на исто место! За оваа фотка сите зборуваат! ( ФОТО)

Популарната пејачка Гвен Стефани (50) првата љубов ја пронајде во колегата од бендот „No Doubt“, Тони Канал (49), а потоа се омажи за Гавин Росдејл (53) кој со години ја изневерувал со нивната дадилка.

Како вистинскиoт за неа, се покажа кантри-пејачот Блејк Шелтон (43).

По влегувањето во бендот „No Doubt“ таа започна врска со басистот Тони Канал, со кого беше од 1987 до 1994 година. Како што и самата многупати призна, многу вложила во таа врска.

– Само го гледав Тони и се молев на Господ да ми овозможи да имам дете со него – открила во едно интервју, а по нивното раскинување замалку ќе се распаднел и бендот.

Исто така, нивното раскинување беше инспирација за бројни хитови, како што се: „Don’t Speak“, „Sunday Morning“, „Hey You“, а нејзината соло песна „Cool“ говори како успеале после сè да останат пријатели. Беше тоа голем хит со уште поубав спот кој растопи многу срца.

Во 1995 година Гвен го запозна рокерот Гавин Росдел, кој и ја вратил верата во љубовта. Парот се венчаше во 2002 година во Лондон, а уште една церемонија се одржа две недели подоцна во Лос Анџелес. Во бракот ги добија трите синови, Кингстон, Зуму и Аполо, но во 2015 година пејачката поднесе барање за развод.

Како причина традиционално се наведени „ненадминливи причини“, но вистинската причина била неговото неколкугодишно изневерување со дадилката на нивните деца Минди Ман. Таа афера траела повеќе од три години, а ги открила другата дадилка која на ајпадот пронашла експлицитни пораки и фотографии, бидејќи уредот и бил поврзан со мобилниот на Гавин.

Рокерот не престанувал со аферата ни додека Гвен го носела нивното трето дете, а наводно дадилката не му била единствената љубовница.

Во септември 2015 година, пејачката на целиот свет му ја призна љубовта со кантри-ѕвездата Блејк Шелтон, кој тогаш беше свежо разведен од колешката Миранда Ламберт (36).

Фото: Профимедиа

Парот неодамна беше виден на фудбалски натпревар на нејзиниот син Кингстон, а на кој се појавил и Гавин, но пејачката потполно го игнорирала, а исто и нејзиниот партнер. Тие не го погледнале ниту еднаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот