Со брат ми растевме во тишина, моите зборуваа на знаковен јазик: Дани ја отвори душата за глувите родители

Дани Димитровска ја отвори душата за родителите со оштетен слух и искрено рече дека имала детство кое е многу различно од другите деца.

„Не се ни сеќавам на притисокот кога сфатив дека всушност ми се поразлични родителите. Тоа беше во време кога бев тинејџерка, и малку помала. Меѓутоа, имав постар брат којшто беше назначен од моите родители како генерал кој треба да се грижи за мене во часовите кога родителите не се со мене. Моите родители се глуви и така јас и брат ми растевме цел живот во една тишина. И некако тоа ми беше природна средина. Кај нас телевизорот секогаш беше пуштен на најгласно, а никогаш не слушавме кавги. Со брат ми немавме можност да чуеме некоја многу голема галама. Ние не знаевме кога тие се караат, кога споделуваат среќни моменти, иако среќните моменти беа гласни. Само тогаш кога се караа, тогаш го користеа знаковниот јазик“, рече пејачката во емисијата „Животна приказна“.

Потоа раскажа дека ниту таа ниту брат ѝ не го научиле знаковниот јазик, а брат ѝ повеќе од 25 години не живее во Македонија.

„Брат ми се запиша на дефектологија, сакајќи да оди по патот на татко ми, бидејќи тој беше своевремено и претседател на Здружението на глуви и наглуви. Меѓутоа, си донесе избор, одлука да живее во Америка и еве веќе повеќе од 25 години живее таму. Јас малку подоцна посакав да го научам, меѓутоа во време кога бев дете, немав таква желба“, сподели Дани во емисијата.

Пејачката се присети дека кога била помлада, имала поддршка од поблиските другарки, а со родителите морала да зборува на поинаков начин.

„Со моите родители разговарав на малку поинаков начин. Морав да ги допрам, морав да зборувам побавно, бидејќи читаат од уста“, изјави пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот