Со Борисов на ракија, ама со Вучиќ на вино

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

Ваков, таков Вучиќ на Св. Трифун се „нацрта“ на Табанновце и ги донесе првите вакцини воопшто, за Македонците. Ни ЕУ, ни Бугари, ни Грци, никој друг. Некои велат било многу галама, за една кутија! Ако некому му пречат што се „српски“ нека не ги прима. Ама нека има предвид дека сепак се американски!
Туку, каде се вакцините што ги вети „братот“ Бојко за браќата Македонци. Оние за кои Филипче специјално патуваше во Софија, а за кои Заев однапред му се заблагодари за „братската помош“.
Нема ни трага ни глас. Ниту за 100 ниту за 300 или повеќе.
На крајот на краиштата бројката не е ни важна, туку чинот на одржување на зборот, низ што ќе се видеше желбата за помош на најблиските пријатели и соседи, со кого патем се има потпишано договор за добрососедтво. Но, за добрососедство не се потребни некогаш никакви договори. Добрососедство се огледа во подготвеноста да се помогне со обични работи во вистински момент, кога на пријателот, на „братот“ му се најпотребни. Арно вели Вучиќ friend in need, is a friend in deed. A Бугарите баш тогаш ги снема. Од сета бугарска „помош“ засега добиваме само навреди, понижувања и уцени.
Оттаму нека не се чуди Захариева кога во вистнски момент „ускокна“ кој друг ако не српскиот претседател, Александар Вучиќ. Таман на време за целото внимание да се сврти кон него.
Вождот од Белград индиректно и одржа лекција на „славната тројка“ од Бугарија дека треба уште многу да работат на дипломатијата и геостратегијата за да ги заменат врските меѓу двата народа, со други, „појаки“ врски. А не е дека немаше и искричења во изминатиов период и на геополитички и на економски план и меѓу Српската и Македонската Влада.
Но токму заради тоа Вучиќ, се повеќе се наметнува како Балкански лидер од кого многумина во регионов можат да учат како се води политика. Не мораш да го сакаш, но не можеш да не го почитуваш. Секогаш е на вистинско место, во вистинско време.
И знае бе да збори!
Можеби „нашиот“ не е толку речит, ама брка работа. И бргу учи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот