Со Ана на ТИ | Валентино Скендеровски: Децата што растат со музика размислуваат поинаку
Во новата епизода на поткастот „Со Ана на ТИ“, гостин е еден од највлијателните музичари и музички едукатори кај нас, Валентино Скендеровски, композитор, аранжер, продуцент и основач на музичкото училиште „Ентерпрајз“.
Препорачано
Низ искрен и инспиративен разговор, Валентино се навраќа на своите музички почетоци, првите панк бендови и времето кога музиката се создаваше во гаражи, но и на периодот кога како 20-годишник станува дел од легендарната група „Леб и Сол“.
Во епизодата открива и како изгледала неговата прва средба со Тоше Проески, зошто веднаш препознал дека станува збор за исклучителен талент, како и што значи создавање вистински музички вредности во време на брзи трендови и модерна продукција.
Скендеровски зборува и за раѓањето на музичкото училиште „Ентерпрајз“, уникатниот концепт на групна настава, односот со учениците и важноста на музичкото образование во развојот на секое дете.
Го најаивме и големиот концерт „Звукот на иднината“, кој ќе се одржи на 7 јуни, а публиката ќе има можност да ги види младите таленти кои растат токму низ „Ентерпрајз“.
Поткастот „Со Ана на ТИ“ можете да го гледате секој петок во 19 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.


