Дениз Абдула - Фото: Слободен печат

Со Ана на ТИ | Дениз Абдула: Студентите во Белград ми ја вратија вербата дека доаѓаат млади луѓе што ќе речат „доста е“

Во новото издание на поткастот „Со Ана на ТИ“, гостува актерот Дениз Абдула, кој со својата харизма и љубов кон уметноста остава силен впечаток и на театарската сцена и пред камерата. Неговата приказна е спој на ведар маалски дух, уметничка амбиција и изграден став за општествените прилики во кои живееме.

Разговорот нè води низ неговото најубаво детство во Чаир, па сè до одлуката да се запише на ФДУ во класата на Владимир Милчин. Дениз зборува и за разликите меѓу театарот и филмот, за одговорноста што ја носи крупниот кадар и градењето улоги, особено кога станува збор за психолошки комплексни ликови.

Го спомнавме хуморот како предизвик, искуството со „Фчерашни новости“ и импровизацијата, како и неочекуваниот успех на едно негово вирално видео. Разговорот продолжи со теми за меѓународните кастинзи и обидите за пробив надвор од домашната сцена, но и со лични моменти, од слободното време и навиките, до искрен разговор за менталното здравје и пороците.

Дениз зборува и за своите амбиции за филмска режија, како и за улогата на актерите во општеството, осврнувајќи се на влијанието на политиката врз културата и вербата во новите генерации.

Поткастот „Со Ана на ТИ“ можете да го гледате секој петок во 19:00 на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот