Ана Левајкович Бошкович - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Ана Левајковиќ Бошков - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Со Ана на ТИ | Ана Левајковиќ Бошков: „Децата во публиката знаат да се смеат, да реагираат бурно, но знаат и да плачат“

Во новата епизода на „Со Ана на ТИ“ гостинка е актерката Ана Левајковиќ Бошков од Театарот за деца и младинци – уметница која минатата година одбележа значаен јубилеј, 30 години посветена работа на сцената. Низ разговорот се враќаме на нејзините почетоци, на љубовта кон движењето и балетот, спомените од средното балетско училиште и патот што ја однел кон актерството.

Зборуваме за магијата на театарот за најмладите, за односот со детската публика која секогаш препознава вистина, но и за предизвиците и убавината на сценскиот живот што трае три децении. Се осврнуваме и на искуството пред камера, на филмот како поинаква актерска форма, како и на музичката страна од нејзината уметност преку учеството во „Глумците пеат“.

Во разговорот допираме и лични теми – улогата на мајка, балансот меѓу приватното и професионалното, спомените за Скопје некогаш и чувството за градот денес.

Новата епизода е достапна на јутјуб-каналот на „Слободен печат“ во 19 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот