Алек Наумовски - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Алек Наумовски - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Со Ана на ТИ | Алек Наумовски: Моделите треба да се автентични и природни, не пречат ни клемпавите уши ни кривиот нос

Вечерва во новата епизода на поткасот „Со Ана на ТИ“ гостин е Алек Наумовски, модел но и ментор кој со децении е синоним за професионализам, стил и визија во македонската модна индустрија. Алек ја раскажа приказната за патот од пистите во светот до создавање на генерации успешни модели дома.

Разговараме за неговите почетоци и животот на моделите зад рефлекторите, за строгите услови и реалните критериуми што ги наметнува модата, но и за истрајноста потребна за вистински успех. Алек отворено зборува и за „Моделс Ин“, агенцијата која годинава одбележува 25 години успешна работа, како и за улогата на менторството во градењето кариера.

Посебен фокус ставаме на убавината на жената, притисоците од „совршената слика“ што ја креираат социјалните мрежи и важноста на автентичноста и во модата и во животот.

Поткастот „Со Ана на ТИ“ се емитува секој петок во 19 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот