Градоначалникот Петре Шилегов денеска најави дека 15.338 висококвалитетни садници ќе се посадат во Скопје. Од нив, 840 се топијари, 1.958 се зимзелени дрвја, 2.609 се листопадни, додека останатите 9.931 се грмушки и перени.
-Со поставување на повеќе видови на листопадни и зимзелени и други видови садници, целта е успешно да се обнови загубеното зеленило и градот да се збогати со повеќе чисти зелени површини кои можат да имаат само позитивен ефект врз здравјето на нашите граѓани, изјави Шилегов и додаде дека овогодинешните садници се значително повисоки што дава поголема гаранција дека нивното засадување ќе биде успешно.
-Максималниот обем на дрвјата во 2020 година е 24 см, односно се засадуваат садници со веќе оформено стебло и речиси комплетно оформена крошна. Нивните шанси да опстојат се многу поголеми, а дополнително веднаш се постигнува и саканиот позитивен ефект врз природната средина како и здравјето на граѓаните. За разлика од 2016, кога максималната височина на дрвјата беше 3,5 метри, садниците засадени во 2020 година во просек се високи 5,5 метри, со значително поголеми крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и овозможување на попријатни услови за прошетки низ градот“, додаде Шилегов.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Поминаа речиси две недели откако на градилиште во Капиштец, поточно на улицата „Христо Смирненски“, имаше опасно свлекување на земјиштето поради кое се оштети дел од тротоарот, водоводната и канализациската мрежа, но според извештајот од експертите од Градежниот факултет, нема опасност за оштетување или уривање на околните објекти, која беше најопасната можна последица од овој немил …
Истражувањето на Институтот за демократија за „влијанието на емоциите во политиката“, спроведено врз основа на 120.000 објави и коментари на платформата „Икс“ (поранешен „Твитер“), покажува дека непријателски настроената комуникација е постојано присутна во онлајн просторот во Македонија. Дури 98 отсто од коментарите насочени кон политичарите содржеле елементи на омраза, додека 82 отсто содржеле индикатори на …