Фото: Монтажа

Една пијана ноќ во Хрватска може да го чини цела кариера: Морничава тетоважа на демократски политичар ја вознемири јавноста

Демократски кандидат за Сенатот на САД во сојузната држава Мејн се извини откако тетоважа на неговите гради, која личи на нацистички симбол, предизвика бурни реакции, најавувајќи дека ќе ја отстрани, објави „Би-би-си“.

Греам Платнер, 41-годишен ветеран од Морнаричкиот корпус и фармер на остриги, изјави дека не знаел дека тетоважата со череп и вкрстени коски наликува на нацистичка слика.

Тетоважата била забележана во видео објавено на социјалните мрежи, на кое Платнер танцува во долна облека на свадбата на својот брат.

„Апсурдно е тоа што целиот живот живеам со оваа тетоважа и никогаш не било проблем, дури и пред моите пријатели Евреи и семејство. Голем дел од животот сум го посветил на борба против фашизмот,“ изјави тој во интервју.

Неговата поранешна политичка директорка, Женевив Мекдоналд, која поднела оставка минатата недела, ја нарече тетоважата антисемитска.

„Можеби не знаел што значи кога ја направил, но тоа било пред години и требало одамна да ја прикрие бидејќи многу добро знае што претставува,“ изјавила таа, според американските медиуми.

Тетоважата наликува на „Totenkopf“ („череп на смртта“) — симбол што го користеле нацистичките сили во Втората светска војна, според податоците на Лигата против клевета (АДЛ).

Платнер, кој се надева дека ќе го освои сенаторското место на републиканката Сузан Колинс, изјави дека ја направил тетоважата во Хрватска во 2007 година, заедно со колеги морнарички ветерани, додека пиеле во студио за тетовирање.

„Избравме застрашувачки череп со коски од ѕидот, бидејќи сме маринци, а тие симболи се стандардна воена работа,“ изјави тој.

Во средата Платнер рече дека направил нова тетоважа за да ја покрие онаа што личи на нацистички симбол.

„Посетата на центар за отстранување тетоважи ќе потрае. Сакав ова веднаш да го тргнам од своето тело,“ рече тој.

Тој ја покажа својата нова тетоважа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот