Снежно утро – снег ќе паѓа цел ден низ цела Македонија

Снежна покривка од неколку сантиметри формираа снежните врнежи кои почнаа да паѓаат од синоќа низ Македонија и за прв пат во Скопје.

Метеоролозите најавуваат дека денеска цел ден ќе паѓа снег, а наместа, особено во западните делови од земјата, тие ќе бидат обилни, локално над 40 литри на квадратен метар. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми, локално и над 50 сантиметри.

-Позначителна снежна покривка (над 20 сантиметри) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер, ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од -3 до 4 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 0 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со слаб до умерен северен ветер.

-Повремени врнежи од снег ќе има и во понеделник, а потоа во следните денови ќе има услови за провејување на слаб снег. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе се задржат под нула, информира УХМР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот