„Снешко поручуе“: Носи ја маската правилно

 Носи ја маската правилно, над носот, е пораката на денешната акција „Снешко поручуе”, која ја спроведоа групата Урбани уметнички акции на плоштадот во главниот град.

– Со оваа акција сакаме да ги потсетиме граѓаните дека и покрај новогодишните празници епидемијата е во полн ек и секојдневно броиме стотици новозаболени и десетици мртви. Во вакви услови и покрај новогодишните празници несмееме да се олабавиме и да заборавиме на опасноста, велат од Центарот за современи уметности.

Како што информираат, инспирацијата за оваа акција е фактот што огромен број граѓани не ги почитуваат мерките и неправилно ги носат маските со што, не само што воопшто не се заштитуваат себеси, туку и другите ги изложуваат на опасност.

Акцијата е финансики поддржана од фондацијата Отворено општество Македонија а снешкото е поставен на плоштадот Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот