Снегот во Струга предизвика прекини на струјата и водата

Како резултат на лошите временски услови, во дел од градот имаше прекин на електричната енергија, што предизвика и недостаток на вода. Се надеваме дека овој проблем за кратко време ќе го реши ЕВН, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација”.

Првиот ден од пролетта во Струга осамна со снег. Снежната покривка, која во некои струшки села изнесуваше 20-тина сантиметри предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија, што доведе до прекин и со водоснабдувањето.

– Како резултат на лошите временски услови, во дел од градот имаше прекин на електричната енергија, што предизвика и недостаток на вода. Се надеваме дека овој проблем за кратко време ќе го реши ЕВН, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација”.

Снегот не предизвикува проблем во сообраќајот, коловозите и фрекфентните улици се чисти. Снежната покривка се задржува на тротоарите, што го отежнува движењето на пешаците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот