Снегот ги блокираше патиштата во областа Голо Брдо: Жителите целосно отсечени од светот

Фото: Архива на „Слободен печат“

Поради коронаврусот се затворени двата гранични премина кај Дебар, оној кај „Блато” и преминот Џепиште-Требиште кој поради близината најчесто го користеа жителите од Голо Брдо. 

Обилните врнежи снег ја блокираа областа Голо Брдо, на дел од албанско -македонската граница кај Дебар, населена главно со Македонци. Во ова ридско-планиснко подрачје кое брои 22 села, дебелината на снежната покривка изнесува половина до околу еден метар.

-Целосно сме отсечени од светот, патиштата се блокирани, очекуваме наредните денови надлежните да испратат механизација за расчистување. Снабдувањето со електрична енергија засега е нормално. Но, секако поради мерките на албанската Влада против коронавирусот седиме дома, изјавија телефонски жители од областа.

Според нив, благодарение на залагањата на првите луѓе на трите административни единици, по појавата на коронавирусот и мерките, досега нема никаков проблем во однос на снабденоста со прехранбени и други прозводи и лекови.

Поради коронаврусот се затворени двата гранични премина кај Дебар, оној кај „Блато” и преминот Џепиште-Требиште кој поради близината најчесто го користеа жителите од Голо Брдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот