Слуз од полжав, една од омилените состојки во корејската козметика

Популарноста на слузта од полжав како дел од производите за нега се должи на богатсвото од состојки со многу поволно дејство врз кожата како, протеини, еластин, алантоин, гликолна киселина, хијалуронска киселина, пептиди и др.

Како слузта од полжав ја стекна својата популарност?

Слузта од полжав, уште позната како филтрат од секрет од полжав или муцин од полжав, се сметаше за невообичаена состојка во козметичките производи до пред извесно време. Иако невообичаена, поради големиот бенефит кој оваа состојка ѝ го пружа на кожата, стана сé позабележана помеѓу козметичките компании низ свеот. Сепак корејската козметичка индустрија од оваа состојка направи вистински тренд, па освен што слузта од полжав е една од омилените состојки во корејската козметика, ќе ја најдете во голем  број козметички производи кои потекнуваат од рaзлични земји.

Бенефитот на слузта од полжав врз кожата

Популарноста на слузта од полжав како дел од производите за нега се должи на богатсвото од состојки со многу поволно дејство врз кожата како, протеини, еластин, алантоин, гликолна киселина, хијалуронска киселина, пептиди и др. Благодарение на својот богат природен состав, таа на кожата ѝ пружа длабинска хидратација, ѝ дава полн изглед, ја подобрува нејзината еластичност, ја поттикнува регенерацијата и создавањето на колаген, го подобрува изгледот на лузните, ја смирува иритацијата и ја спречува појавата на брчки.

На кој начин се произведува?

Сепак многумина се прашуваат за начинот на кој се собира слузта од полжав и дали ваквиот процес им наштетува на полжавите. Во денешно време се напуштени било какви нехумани постапки, а во светот има строги регулативи кои ги регулираат стандардот и условите во кои полжавите треба да се чуваат. Слузта најчесто се собира со поставување на полжавите на нерамни површини кои природно ги поттикнуваат да лачат повеќе слуз.

MIZON е еден од наjпопуларните корејски козметички брендови кој е присутен на пазарот веќе две децении. Создава производи со темелно истражени, висококвалитетни, најнапредни формули за нега на кожата. Тоа е брендот кој на коејскиот пазар за прв пат ја вововеде иновацијата на CC крем. Меѓу пошироката јавност овој бренд е познат по својата прочуена Snail Repair линија.

Snail Repair линијата на Mizon ја сочинуваат производи со различна намена, како 2 типа на пенливи средства за чистење на лицето, тонер, есенција, серум, ампула, гел крем, крем за лице, крем за очи, хидрогел лепенки за очи, BB креми и др. Овие производи на кожата ѝ пружаат сеопфатна нега, ја снабдуваат со потребната хидратација и хранливии материи и ја спречуваат појавата на брчки.

Ексклузивен дистрибутер за MIZON во нашата земја е Olpeo, првата специјализирана продавница за корејска козметика и единствена од ваков тип во нашата земја.

Производите на MIZON од денес се достапни во продавницата на Olpeo лоцирана во ГТЦ во Скопје на првиот кат.  Исто така може да ги нарачате на www.olpeo.mk.

(комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот