Случај Мош: Државниот пазарен инспекторат постапува неселективно

На угостителскиот објект „Мош“ во кој последниот викенд имаше концерт, а го посетија и инспектори од Државниот пазарен инспекторат денеска му е испратена кривичната пријава и има рок од 48 часа да го испразни објектот.
Директорот на ДПИ Стојко Пауновски на заедничката прес-конференција во Владата информираше дека минатиот викенд поднесено е решение за затварање за пречекорување на работното време а во вториот случај за непочитување на протоколите за што има и кривична пријава. Тој нагласи дека ДПИ постапува неселективно.
-Токму затоа се измените во законските решенија за ДПИ и полицијата, не само да направат записник туку истиот правен субјект да може да биде испразнет да не се пренесува зараза и да добие решение за затворањер и парична кана. Со пондесувањето на кривичните пријави видовме дека има доста пропусти направено, истакна Пауновски.

Информираше дека за контролата на угостителскиот објект од минатиот викенд решението е доставено и предметот ќе биде затворен. Локалот, рече тој, има 48 часа да ги извади сите материјали и стоки кои се расипливи за да не дојде до поголема штета на субјектот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот