Случај „фризерница“: Европската комисија со истрага за евентуална злоупотреба на европски пари во Македонија

Европска комисија / СП. архива

Европската Комисија (ЕК) отвори истрага за случајот „фризерница“ со намера да испита евентуална злоупотреба на пари за образование преку Националната агенција на чие чело е Лидија Димова.

– Ги разгледуваме сите наводи за злоупотреба. Секое нерегуларно трошење кога станува збор за ЕУ фондови, ќе биде идентификувано и средствата ќе бидат вратени назад, порача портпаролката на Европската Комисија за образование, Сузан Конзе.

Случајот со скопската „фризерница“ што деновиве крена многу прав во домашната јавност ќе оди под мониторинг и на Финансиската полиција од каде е лиферувано известување за предистрага во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Од таму нагласуваат дека предмет на анализа ќе бидат сите документи од добиените грантови.

Директорката на Агенцијата, Димова се правда и вели сè е чисто и во меѓувреме порача дека нема да поднесе оставка што од неа ја бара опозицијата која инсистира со случајот да се позанимава Обвинителството.

Димова, на нападите од опозицијата, одговори со контранапад. Тврди дека ја местат оти, како што вели, „почнала да истражува злоупотреби на европски пари од над два милиона евра од времето на претходната власт“. За проектот со обука на магариња, тежок 80.000 евра порача дека не е спорно да се добиваат проекти ниту за магариња, бидејќи такви имало и во други земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот