Случаи на омикрон пријавени во Шведска и Шпанија

Ковид Шведска
Ковид Шведска/ Фото EPA-EFE/Jessica Gow *** SWEDEN OUT

Шпанија и Шведска денеска соопштија дека ги регистрирале првите случаи на зараза со новиот сој на коронавирусот, омикрон.

Во Шпанија Омикрон е откриен кај патник кој дошол од Јужна Африка, јави весникот „Ел Паис”.

Видот е секвенциониран во болница во Мадрид и пациентот е во добра состојба.

Шпанското Министерство за здравство не го коментирало случајот.

Државната здравствена агенција на Шведска соопшти дека и во оваа скандинавска земја е откриен случај на зараза со Омикрон.

Примерокот е од пред една недела од заразено лице кое исто така дошло од Јужна Африка, соопшти државната агенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот