Словенија прва во источна Европа целосно ги легализира геј-браковите, од денес двојките можат и да посвојуваат деца

фото Архива

Словенечкиот парламент на денешната седница го усвои амандманот со кој се дозволуваат истополови бракови и усвојување деца во нив, по одлуката на Уставниот суд со која се отстранија пречките за законските измени, јавуваат локалните медиуми.

Словенија е првата земја која потекнува од некогашните социјалистичките држави во Источна Европа која усвојува ваков закон, а мнозинството земји во регионот и натаму не дозволуваат граѓански истополови заедници и бракови.

Ригиден државен став генерално против ЛГБТ-заедницата има и во некои земји од Европската унија, како Унгарија.

Словенија е посебно прогресивна земја во поглед на правата на сексуалните малцинства, а првите ЛГБТ-здруженија таму се формирани уште во 1984 година. Истополовите партнерства беа легализирани во Словенија во 2005 година, а геј-браковите во 2017-тата, но на хомосексуалните двојки не им беше дозволено да посвојуваат деца – нешто што се смени со денешната одлука на Парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот