Словенија повлекува македонски ајвар од маркетите

Словенечката Управа за безбедност на храната се сомнева на можно присуство на штетни материи.

Словенечката Влада на својата интернет страна објави соопштение во кое се вели дека од маркетите во Словенија се повлекува македонски ајвар за кој постојат сомнежи дека во својот состав содржи штетни материи.

Во известувањето се наведува дека ајварот е произведен од компанија со седиште во Гевгелија.

Со објавата се повикуваат сите оние кои имаат купено од ајварот, да го вратат во една од продавниците на Шпар Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот