„Слободен печат“ пресмета колку ќе биде новата априлска минимална плата

Фото: Janusz Pieńkowski / Alamy / Alamy / Profimedia

Според Законот за минимална плата, минималната плата се усогласува еднаш годишно во март, а новата минимална плата се исплатува со априлската плата. Според пресметките што ги направи „Слободен печат“, согласно Законот за минимална плата, таа во април ќе се зголеми за околу 350 денари во бруто износ, односно за околу 250 денари во нето износ, така што најмал нето-износ што може да им го исплатат работодавачите на работниците ќе биде околу 15.200 денари.

Согласно Законот за минимална плата корекцијата на тековната минимална плата зависи од три компоненти: една третина се корегира со порастот на просечната плата, една третина со порастот на индексот на трошоците на живот и една третина со реалниот пораст на бруто домашниот производ за претходната година.

Податокот за новата минимална плата се објавува во март, по објавувањето на првичниот податок за состојбата со бруто домашниот производ во минатата година. Иако засега тој податок се уште не е познат, „Слободен печат“ ги направи пресметките врз основа на проекциите за пад на Бруто домашниот производ во 2020 година, кои според Министерството за финансии се очекувани 4,4 отсто, а според Народната банка – 4,9 отсто.

Ова значи дека падот на Бруто домашниот производ ќе го намали растот на платите. Другите податоци се познати и се во позитива – во 2020 година има раст на плати за 8,33 проценти во однос на 2019 година, а порастот на трошоците за живот, односно инфлацијата е 1,2 проценти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот