„Слобода А“ е новата поетска книга на Ана Голејшка Џикова

Неодамна, во издание на „ПНВ Публикации“, излезе поетската книга „Слобода А“ на Ана Голејшка Џикова, трета по ред во нејзиниот опус.

Рецензент на книгата е поетесата Снежана Стојчевска, која за делото напиша: „Како калеидоскопски слики пред нас минуваат песните во кои може да ја видиме Ана како бунтовничка, млада љубовничка, да посведочиме како љубовта создава живот, како тој живот расте, се раѓа и станува живот сам за себе, независен, а сепак зависен и сврзан. Исполнета истовремено со љубов и страв од неизвесност, судрена од реални проблеми и притисоци под кои сите сме натиснати, живот во пандемија, во пропаганди и хистерија и кои повторно ја будат бунтовничката во Ана, онаа која што единствено може да живее од и за слободата.“

За создавањето на книгата, пак, Ана Голејшка Џикова ќе каже: „Песните и воопшто, збирката, се моето нурнување длабоко во себе и излез надвор, како од длабока, нејасна вода. Ова е поезија за личната трансформација и живот во и вон – телесните размислувања и доживувања – како човек, тело, душа и крајно, како жена што создава.“

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 138, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 23-24 јули 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот