Слета првиот авион со евакуирани Германци од Судан во Берлин/ Фото Jörg Carstensen / AFP / Profimedia

Во Берлин слета првиот авион со евакуирани Германци од Судан

Првиот германски воен авион со луѓе евакуирани од Судан, погоден од конфликт, слета во Берлин, соопшти Министерството за надворешни работи.

Во авионот имаше 101 германски државјанин и членови на нивните семејства, како и државјани на земјите партнери, соопшти Министерството. По запирањето во Јордан, патниците во германската престолнина пристигнале во 6:15 часот.

Како и други земји, Германија вчера започна воена евакуација.

Вкупно три Ербас А400М на Бундесверот полетаа за Судан за да ги земат луѓето што треба да бидат евакуирани.

Германските вооружени сили и Министерството за надворешни работи се обидуваат да пренесат вкупно повеќе од 300 германски државјани, регистрирани на кризната листа заедно со државјани на земјите-партнери, доколку е можно.

Во мисијата се вклучени повеќе од 1.000 членови на Бундесверот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот