Слем-серијал онлајн: „Коронаслем 9“ со македонски слемерки и слемери

Македонските слемерки Елена Пренџова, Цветанка Колева и Марија Грубор (насловна фотографија) и слемерите Игор Трпчески – Трпче и Горазд Китановски – Кени на 22 мај настапија на регионалниот онлајн слем-настан „Коронаслем 9“. Станува збор за слем-серијал што се одржува секој петок во исто време и кој во живо се стримува на Јутјуб.

Серијалот го организира повеќекратниот хрватски национален слем-победник Дино Тременс, кој секоја недела претставува по неколку слем-имиња од екс-ју регионот. По претставувањето на хрватските, српските и словенечките слемерки и слемери, деветтата епизода од серијалот беше посветена на најпретставителните македонски слемерки и слемери.

Елена Пренџова е една од водечките слемерки во земјава, првенката на слемот во Македонија и соорганизаторка на националниот слем, што секоја година се одржува во Прилеп. На тој настан се избира националниот претставник, кој секоја година ја претставува Македонија на Европското слем-првенство. Игор Трпче е организатор на националниот слем и двократен негов победник.

Марија Грубор беше македонска претставничка на Европскиот слем за 2018 година, а Колева на натпреварувачките слемови освојува први и втори места, а кога не настапува, е една од членките на слем-жирито. Горазд Кени е млад слемер во најава со маркантни настапи и изграден стил под влијание на најсовремените текови на рапот и перформативната поезија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 32, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 23-25 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот