Следната недела оценка за обвинението против организаторите на крвавиот „27 април“

Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека надлежниот совет за оценка на обвинителениот акт поврзан со организаторите на настаните од 27 април 2017 година за 4 ноември закажа седница за оценка на која веќе се повикани странките во постапката.

Во однос на конкретниот обвинителен акт, беа закажани неколку седници за оценка на кои одбраната, иако претходно го знаеше составот на советот и закажаните термини за седница, непосредно пред седниците бараше изземање на судиите бидејќи истите судии претходно постапувале во оценка на други обвинителни акти поврзани со конкрентиот настан.

– За овие барања се утврди дека се основани и истите беа уважени. Со оглед дека со овие барања беа изземени осум од деветте судии во Одделението за организиран криминал и корупција, а со цел да се спречат сите понатамошни одолговлекувања на постапката, предизвикани од странките во постапката, актот согласно АКМИС системот беше распределен на оценка кај совет од судии од одделот Кривично-полнолетни и за истото беше известен Судскиот совет на СРМ – појаснуват од Основниот кривичен суд во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот