Profimedia

Славните ѕвезди згрозени од ситуацијата во Вашингтон: „Тој човек веќе не е во состојба да служи како претседател зашто не може да прифати пораз“

Многу славни личности од Америка се осврнаа на актуелната ситуација во Вашингтон.

„Иронијата е прилично смешна. Нели луѓето летоска беа само диви животни зашто бараа правда, а сега? Пушти ме само да гледам“, напиша раперката Карди Би на Твитер.

Карди Би

И глумецот Марк Рафало ги коментираше протестите.

„Замислете ова да беше нашата страна. На улиците би течеле реки наша крв, а ниеден од нас не би бил вооружен. Ова беше дозволено“, напиша.

Ештон Качер им советуваше на сите да ја поддржат мирната транзиција на власта.

Стиви Вондер удри по Трамп.

Стиви Вондер

„Срцето ми е скршено и зачуден сум што овој нарцисоиден и опасен претседател загрозува животи и поттикнува насилна побуна против нашата влада. Тој човек веќе не е во состојба да служи како претседател зашто не може да прифати пораз. Можеме ли да си дозволиме уште две недели? Јас велам не“, напиша Вондер.


Манекенката Карли Клос напиша дека насилството е антимаериканско.


„Прифаќањето на резултатите на легитимни демократски избори е патриотизам. Одбивање да се направи тоа и поттикнување на насилство е антиамериканско, напиша Клос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот